Два вида нови пневматици за сите терени на General Tire

ОБЈАВЕНО НА:

Да се има добар пневматик е предуслов за безбедно и сигурно возење, особено за автомобилите. Но, истото важи и за возилата што се користат за движење низ посурови предели, офроуд па и за поголемите возила како што се камионите или лесно доставните камиони.

Името на General Tire е добро познати меѓу сопствениците на камиони и тешки возила, но и меѓу оние што имаат СУВ возила. Тоа е сегмент што постојано расте, па нормално е да се зголемува и понудата на пневматици за секоја пригода.

Меѓу многуте брендови што ги нуди на македонскиот пазар, компанијата Мотоцентар сега во својето порфоли ја има и оваа компанија. Брендот за производство на пневматици General Tire ја продолжува својата производна офанзива со претставувањето на двата нови видови SUV пневматици за коловозно и теренско возење. Новите пневматици Grabber X3 за возење на тежок терен и новите пневматици Grabber AT3 за коловозно и теренско возење се додадени во портфолиото на брендот. И двата модели имаат робусни карактеристики и голема зафатнина што ги прави повеќе од погодни за нивната намена.

Инженерите за развој во компанијата General Tire на пневматиците Grabber X3 им дадоа сооднос помеѓу коловозно и теренско возење од 20/80 проценти, додека на пневматиците Grabber AT3 соодносот е 50/50. Со овие два нови вида пневматици, General Tire – брендот со богата традиција и американско наследство, нуди нови решенија во своето поле на експертиза – сенаменски пневматици за ентузијасти за теренско возење, како и за професионалци во сферата на градежништвото, земјоделството и шумарството кои очекуваат максимална мобилност дури и при најтешки услови на патот.

За новите пневматици Grabber AT3 инженерите при General Tire истотака развија не помалку од три нови технологии кои ги изразуваат нивните најнови достигнувања за силна потпора при коловозно и теренско возење, подобрени акустични перформанси и висока километража. “TracGen” технологијата, на пример, вклучува отворен дизајн на рамото, влечни гребени кои програмерите ги нарекуваат “влечни џебови”, и каналчиња наредени во различни агли.
Втората технологија од таканаречената торба со трикови на инженерите се нарекува “DuraGen” и е задолжена да ја зголеми километражата на тежок терен и под силна торзија – на пр. кога страничната носивост оптеретува само еден дел од шарата на пневматикот. Ова значеше развој на ново соединение на гума, кое обезбедува одличен чип и намалување на отпорот. Покрај тоа, камените браници ја заштитуваат базата на шарите, осигурувајќи се дека нема да се заглават камчиња во шарата кои можат да ги оштетат гумите. Исклучително силните челични појаси му помагаат на пневматикот да овозможи поголема километража. Третата технологија, позната како “ComfortBalance” го покажува успехот на инженерите во надминување на конфликтот на интереси при комфорно возењето на асфалт и добар теренски зафат.
На мокар и сув асфалт, перформансите на новите пневматици Grabber AT3 се исти како и на неговиот претходник, додека тракцијата на снег е значително подобрена. За употреба при теренско возење, перформансите на кал и влажна трева се подобрени и сега овој пневматик покажува поголем отпор при оштетување на шарата од неговиот претходник.

Фото: Орце Поповски

Следете не и на:

24AUTO NETWORK