Доаѓаат ли робоавтомобилите?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската индустрија се менува многу брзо. Во новиот свет на изолација и поврзаност, луѓето можеби ќе бидат патници, а роботите ќе ја преземат командата. Тоа што изгледаше незамисливо пред неколку години, речиси може да прерасне во реалност, според аналитичарите од индустријата.

Шефот на Volkswagen, Херберт Дис на пример, очекува автономните автомобили да бидат подготвени за пазарот за неколку години бидејќи со неопходните компјутерски чипови, перформансите на електрониката во автомобилот се удвојуваат на секои 18 месеци.

Со користењето на вештачката интелигенција развојот се одвива уште побрзо. „Се предвидува дека системите наскоро ќе можат да се справат со комплексни ситуации на автономното возење“, вели шефот на VW.

Дис е импресиониран од Тесла – „Една од посилните страни на Тесла е, дека тие непрекинато собираат податоци за возењето од паркот на превозни средства и го прават системот сè подобар и подобар со користење на вештачка интелигенција“.

Шефот на Tesla, Елон Маск предвидува дека компанијата ќе достигне ниво 5 на автономија во областа на управување без возач во 2021 година. Ниво 4 е највисокото и последно ниво во таа област.

Превозните средства од ниво 5 можат да се движат автономно без интервенција на возачот под сите услови во целиот сообраќај. Благодарение на следењето од системите на животната средина, постојаната работа во мрежа и комуникацијата, интервенцијата на возачот веќе нема да биде потребна од стартот до финалето на слободно избраната дестинација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK