ДАЛИ ЗНАЕТЕ: Русија има околу 60 милиони возила

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата за статистика од Русија, АВТОСТАТ објави дека на 1 јануари годинава во земјата бил регистриран автомобилот под број 45.000.000.

Од агенцијата информираат дека лесните автомобили формираат околу 76% од сите регистирани возила во Русија. Комбињата сочинуваат 7,1% од возниот пар и се на ниво од 4,19 милиони единици.

Регистрираните камиони во Русија се околу 3,77 милиони (6,4%), а во пресметката на АВТОСТАТ се вклучуваат и 3,44 милиони приколки и полуприколки.

Во земјата исто така се регистрирани и 2,36 милиони мотоцикли (4%) и малку над 400.000 автобуси. Вкупниот број на регистрирани возила е речиси 60 милиони.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK