Dacia Duster – автомобил на годината: Повеќе од обичен СУВ (фотогалерија)

ОБЈАВЕНО НА:

Наградата Автомобил на годината се доделува веќе 23 години, и е една од најстарите манифестации во Македонија, а годинава изборот се направи од 10 возила што влегоа во финалето, а ги исполнија критериумите за избор.

Моделот Dacia Duster е избран за Автомобил на годината во Македонија а сега на претставнците на брендот во земјава им беше варачена и статуетката што традиционално ја добива победникот.

За првпат годинава Националното жири го додели и признанието „Томислав Биљарац“ во чест на основачот и првиот претседател на жирито, и тоа за посебен придонес и резултати во автомобилската индустрија, а добитникот е Владимир Воиновски од Еуроимпекс.

 Фото-галерија од свеченото доделување
Следете не и на:

24AUTO NETWORK