Обично кога ќе платите 200.000 евра за автомобил очекувате тој да биде пред се перфектно направен, да нема никакви проблеми и со него да го покажете сопствениот општествен статус. Арано ама не секогаш за парите го добивате квалитеот што го очекувате, па нешто мора да се доправи, поправи, подобри… Така е и во случајот на Bentley.
Луксузниот бренд својот модел Bentayga го продава од 170.000 евра па се до 260.000 евра во зависност од нивото на опременост. Оние што купиле вакво возило во периодот од 9 септември 2016 до 20 декември 2019 година ќе мораат да се јават кај овластениот сервисер.
Во образложението што го издава комисијата при ЕУ што се занимава со предупредувања за производи кај кои се најдени проблеми и недостатоци се вели:
„Во третиот ред на седишта, D-јазолот на столбот на безбедносниот ремен можеби не е доволно робустен. Во случај на несреќа, може да се одвоијат, ослободувајќи го безбедносниот ремен и го зголемуваат ризикот патниците да претрпи повреди“.
Bently за истиот модел имаше објавено повик за одење во сервис и во 2016 година, и тоа за воизла произведени претходната година. Тогаш причината беше: “Некои споеви можеби не се затегнати правилно во системот на седиштата и во инструмент таблата и постои можност тие да се олабават со текот на времето, зголемувајќи го ризикот од повреди на патниците во случај на несреќа“.
Следете го 24auto и на https://www.instagram.com/24auto.mk/