Горниот дом на парламентот во Чешка ги прифати промените во законот за движење на патиштата со кои се регулира управувањето со велосипед после консумирање на алкохол. Според новите промени велосипедистите ќе имаат можност да возат со 0,5 промили алкохол во крвта што е еднакво на 200 милилитри вино или две чаши пиво.
Измените важат за движење по велосипедска патека и третокласни патишта. Во исто време со промените чешките сенатори предлагаат и намалување на казната за управување на велосипед со концентрација над дозволената од 800 на 20 евра.
Сенатот ги усвои и амандманите и покрај тоа што имало противење од страна на министерството за транспорт и врски. Таквата толеранција за употребата на алкохолот од велосипедистите постои и во Австрија и во Германија.
Еден од аргументите во корист на олабавување на режимот е стимулирање на туризмот во винарските региони во чешка. Многу велосипедски патеки во јужната Моравија продолжуваат и на територијата на Австрија. На тој начин странците нема да имаат непријатности со законот и солени казни ако тргнат да се враќаат со велосипед после испиени чашка или две.