Бузалковски со првиот мотор е пред титула, а со вториот сè поблизу до подиум

ОБЈАВЕНО НА:

Македонија и сезонава има одлични натпреварувачи во БМУ Европскиот брзински шампионат во мотоциклизам, а Христијан Бузалковски од Ендуро тим Водно веќе има огромна предност во класата СП 125.

Тој со новата победа и 3. место на патеката во Романија успеа да заработи 41 поен и со вкупно 161 бод само го зацврсти лидерското место во генералниот пласман.

Воедно имаше напредок и со вториот мотор со кој се натпреварува премиерно сезонава во класаа Ф600. На двете трки во Романија стигна до 5. место и ова значеше и освојување на вкупно 22 бода (по 11 од трка), со што успеа да има далеку подобар викенд од претходните.

„Задоволен сум бидејќи брзо напредувам и се прилагодувам на моторот. Исто така се среќни и во мојот тим Ендуро тим Водно поради овој напредк. Бев спречен на првите трки поради технички проблеми, па затоа морам да го надоместам пропуштеното и брзо да се навикнам на моторот. Времето е кратко и не смееме залудно да го трошиме. Мораме да го користиме рационално и доколку сакаме уште понапред во пласманот треба да работиме со засилено темпо. Немаме многу време бидејќи следните две трки се за две недели во Серес и се надевам дека конечно ќе се најдам и на подиумот во оваа класа“, вели Бузалковски, кој е лидер во СП 125, класа каде се очекува годинава да заврши на првото место.

Во Романија свој настап имаше и минатогодишниот шампион во Ф1000, Слободан Ивчевски. Тој годинава уште се натпреварува со стариот мотор со кој успеа да се избори за две четврти места. Се очекува на следните трки да има и нов мотор и да може да биде поконкурентен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK