Brabham повторно се враќа – со ѕвер од 700 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Се сеќавате ли на Brabham спортските автомобили ко ви 60-те и 70-те години од минатиот век беа неизоставен дел од автомобилските натпреварувања? Овој бренд кој во 1960 година го формираа австралијците Џек Бремен и Рон Тауранакповторно се враќа на автомобилската сцена.

Основачот Џек Бребем почина во 2014 година со што тогаш се пишуваше и дека легендарните спортски Brabham автомобили завршија во легендите. Денес, неколку години подоцна неговиот син Давид Бребем го враќа духот на Brabham автомобилите на автомобилската сцена. 52 годишниот австралиец роден во Лондон, го означи враќањето на отпишаниот Brabham со супер моќниот BT62 концепт. Со неверојатни перформанси, овој концепт тежи само 972 kg, а за неговите 710 КС е најзаслужен 5.4 литарскиот V8 мотор.

Должината на овој автомобил изнесува 44600 мм, широк е 1950 мм и со висина од 1200 мм, Меѓусокиното растојание изнесува 2695 мм. Во внатрешноста централно е поставен помал екран, а кај инструменталната табла се наоѓа еден поголем. Управувачот доста невообичаен и истиот наликува на оние од F1 болидите со што се потенцира спортскиот и моќен карактер на овој автомобил.

Според Brabham, капацитетот и производствената стратегија, предвидено е производство на 70 автомобили во наредните 12 до 18 месеци, а цената иако не е официјално соопштена се шпекулира дека истата ќе биде околу половина милион американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK