вторник, 26 јануари, 2026 година

BMW X7 го направија моторџиски пикап (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ученици од професионалното техничко училиште на BMW Group направија пикап на база на Х7 со кој ќе учествуваат на годинешниот BMW Motorrad Days. На задниот дел на флагманскиот СУВ се појави товарна платформа, на која може да се транспортира мотоциклот BMW F 850 GS.

Во проектирањето и изработката на пикапот учествувале 12 студенти. Тие избрале  дрво за покривање на долниот дел, а елементите за прицврстување и држачите за фиксирање на мотоциклот се отпечатени на 3D принтер.

- Advertisement -

Дел од покривот, обликот на задните врати и паѓачкиот дел на товарната платформа се изработени од армирани јаглеродни влакна, што ја намалило тежината на автомобилот со 200 килограми.

Пикапот може да превезува пет патници и да товари предмети со должина до два метри.

Под предната хауба работи турбо бензин мотор со обем од 3.0-литри, моќност од 340 коњски сили и максимален вртежен момент од 450 Нм.

Динамичните карактеристики не се соопштуваат, но може да се претпостави дека забрузвањето од 0 до 100 км/ч ќе одзема околу 6 секунди.

Стандардното BMW X7 со ваков мотор до стотка успева да стигне за 6,1 секунди.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја