Одделот BMW Lifestyle на BMW Group ја претстави колекцијата на облека и додатоци за 2020 година, а ги обедини под мотото – Едноставност: убавината на едноставноста.
Од BMW објавија дека во колекцијата на BMW Lifestyle 2020 се вклучени предлози со минималистички, модерен, функционален и градски дизајн, секогаш развиен на база на овој на автомобилите од моделното семејство на брендот.
Во BMW Lifestyle 2020 колекцијата се вклучени како традионалните маици, јакни, часовници и пенкала, така и новите женски M JACKET и машки M SWEATJACKET, чаши за топли напитоци и храна, ранци, патни чанти куфери, спортски обувки и друго.
Во колекцијата за 2020 година исто така се вклучени и велосипедот 3T FOR BMW GRAVELBIKE во две бои и популарниот BMW BABYRACER III вече во електрична варијанта.
Цените на продуктите, вклучени во BMW Lifestyle 2020, варираат од 24.90 евра за чашата BMW THERMAL MUG, до 550 евра за 3T FOR BMW GRAVELBIKE.