Откако во октомври минатата година го претстави својот најголем SUV, BMW сега на својот официјален YouTube канал ја претстави комерцијалната реклама за овој модел.
Во рекаламата насловена како “Легенда” меѓу другите улога има и ѕвездата на Star Trek, Крис Пајн чиј глас е составен дел од BMW рекламите години наназад. Во оваа реклама тој ја кажува приказната за МекЛенден, модерен супер херој
Преку градежна зона, пристаниште, урбана џунга и мост што се руши, BMW X7 во рекламата е претставен како неприхосновен објект на улиците, без разлика на окружувањето. При тоа со самата појава, тој предизвикува воздишки кај околината. Возејќи низ сите овие окружувања и под најразлични услови, МекЛенден на крајот на време и без многу напор пристигнува во училиштето каде ги зема своите деца.
Повеќе за овој модел на германскиот производител прочитајте ТУКА.