Кога патувате со авион среќни би биле да имате билет во бизнис класата, пред сѐ поради комфорот што го добивате, и услугата. Но, како би изгледала бизнис класа во комби возило, луксузно направено за долги патувања.
Одговорот го има Jet Van каде седиштата се спуштаат и претвораат во кревети за одмор. Седиштата имаа и контрола на температурата со можност за греење и ладење, и нормално тука е и мини бар со пиење и слични намирници.
Однадвор ванот личи како Mercedes Sprinter, a на сопственикот Хауард Бекер му требале осум месеци за да го адаптира според посакуваниот вкус.
Jet Van има BlueTEC 3 литарски дизелски мотор со еколошка технологија Diesel Exhaust Fluid систем што вшприцува посебна течност во издувниот систем што јаглердниот диоскид го претвора во безопасен јаглерод и вода.