Беше неприкосновена во рели – 40 години Lancia Delta

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Delta прославува точно 40 години од појавувањето во 1979 година. Овој модел кој го прослави италијанскиот производител и остави длабока трага во рели шампионатите се појави во 1979 година, а најзаслужен за изгледот беше Џорџето Џуџаро.

Првата генерација забележа одлични продажни перформанси, а вистинска популарност доживеа со лансирањето HF Integrale, спортската изведба која беше непобедлива на светските шампионати во 90-те години.

Најмоќната од сите беше HF Integrale Evo2 изведбата која беше лансирана во 1993 година. Оваа изведба продуцираше 212 КС благодарение на кои достигнуваше максимална брзина од 220 км/ч, а до стотка забрзуваше за 5.7 секунди.

Втората генерација беше лансирана во 1993 година, а дизајнот беше дело на Еркол Спада. Иако оствари солидни продажни перформанси, сепак оваа генерација не успеа да го повтори успехот на првата генерација, особено во рели шампионатите поради што се произведуваше само шест години.

Последната трета генерација се појави во 2008 година, но поради кризата во која се најде FIAT Групацијата, но и спојувањето со Chrysler, не забележа посебни успеси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK