Bentley EXP 100 GT премиерно на 10 јули (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа 2019 е јубилејната година за Bentley во која британскиот производител прославува 100 години од своето постоење. По тој повод уште на почеток на годинава беше најавен новиот концепт.

“Тоа е нашата визија за иднината, но не онаа за 100 години, туку можеби 30 години. Тоа е како ние го гледаме развојот на Bentley” изјави Зилаф во мај годинава за AutoExpress по повод овој концепт.

Во пресрет на промоцијата која ќе се одржи на 10. јули Bentley објави тизер видео на кое не може да се види многу околу изгледот на овој автомобил.

Според пишувањата на британските медиуми кои се повикуваат на извори од компанијата, ова ќе биде технолошки најнапредниот Bentley автомобил кој располага со хибриден погон, но и многу напредна технологија.

Повеќе детлаи се очекува да бидат откриени во наредниот период.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK