Британскиот производител Aston Martin на саемот во Женева минатата година го претстави концептот на хипер автомобилот AM-RB 003, а како се ближи пермиерата на продукцискиот модел се откриваат се повеќе и повеќе официјални податоци.
Овој автомобил кој е опремен со V6 агрегат и електричен погон ќе располага со неверојатни 1.000 КС што дефинитивно ќе го вброи во еден од најмоќните автомобили на сегашницата.
Овој модел AM-RB 003 слично како и Valkyrie ќе располага со едноделна шасија создадена од јаглеродни влакна кои се користат и во производството на одредени делови од каросеријата. Тука е и менувачот испириран од менувачите од болидите во Формула 1.
Овој хипер автомобил чија тежина изнесува 1.350 килограми до 100 км/ч ќе забрзува за 2,5 секунди додека максималната брзина изнесува 354 км/ч.