Arrera SD+: Првиот албански супер автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Aлбанските медиуми веќе му го дадоа епитетот "албански Маск".

Кон крајот на минатата година Ќендрим Таќи објави рендер на суперавтомобилот именуван како Illyrian Pure Sport кој беше најавен како првиот албански автомобил. Сепак проектот беше за брзо откажан, но сега, по три месеци доаѓа нова надеж.

Истата се положува повторно кај Таќи кој сега го претстави новиот рендер за Arrera SD+ кој треба да се произведува од страна на Arrera Automobili.

Во однос на номенклатурата, “S” означува што друго ако не Скендербег, “D” го означува римскиот број за 500 што претставува всушност 500 км/ч, додека “+” се однесува на тоа дека овој автомобил цели кон надминување на 500 км/ч.

Во однос на мотористиката, доаѓа со 7,0 литарски V8 мотор кој продуцира неверојатни 1.800 КС и 1.500 Nm обртни моменти што само по себе, ако се земе и тежината од 1.230 кг, треба да овозможи одлични брзински перформанси.

Во наредниот период основачот на оваа компанија ќе работи на прибирање на средства за реализација на овој негов сон, а албанските медиуми веќе му го дадоа епитетот “албански Маск”.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK