Alfa Romeo, DS и Lancia започнаа со заеднички развој на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

И официјално, Alfa Romeo, DS и Lancia како дел од новоформираната компанија Stellantis, започнаа со заеднички развој на автомобили. Веста ја објави AutoNews Europe, повикувајќи се на извори од компанијата.

Уште пред да се официјализира спојувањето на FCA и PSA, се шпекулираше дека Alfa Romeo ќе прерасне во премиум перформанс бренд, додека Lancia повторно ќе оживее, а сега сето ова добива на официјална потврда. Lancia веќе ја претстави обновената Ypsilon, но истата е дело на FCA тимот.

Сега, се работи на нови модели кои ќе бидат први развиени под капата на Stellantis. За очекување е Lancia да го претстави првиот свој SUV модел кој ќе се базира на Mokka, како и уште еден поголем SUV кој ќе биде во истиот сегмент како и Peugeot 3008.

Вистинска инвазија се очекува во портфолиото на Alfa Romeo. Покрај Tonale и новата генерација на Giulietta, италијанскиот производител ќе претстави уште еден SUV модел кој ќе се позиционира под Tonale, но и лимузина поголема од Giulia.

Првите новитети ќе бидат претставени уште кон крајот на оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK