Аl Јazeera со репортажа за автопатот од Кичево до Охрид – Еве до каде е … (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Балканската дивизија на глобалниот медиумски сервис Al Jazeera објави репортажа од моменталната состојба на градежите активности на автопатот Кичево – Охрид.

Екипата на овој медиум направи посета на градежните активности на двата тунела кои се во завршна фаза, но поради ниските температури работењето ќе продолжи следната година.

Во средишна фаза е и вијадуктот кај Добреноец во должина од околу 500 метри, а покрај овој ќе има и бројни други помали вијадукти.

Се очекува првата делница од овој автопат од 10-тина километри да биде пуштена веќе следната година додека во целост овој автопат се очекува да биде готов за две години, пренесува Al Jazeera.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK