Ако ве казнат во Грција немојте тоа да биде во викенд!

ОБЈАВЕНО НА:

Сезоната на годишни одмори е почната и повеќето наши сограѓани заминуваат во Грција. И нормално е некогаш да се направи некој сообраќаен прекршок и да добиете казна. Но, за овој прекршок во Грција најдобро е тоа да биде во работен ден. Ако ви се случи во текот на викендот ќе морате да останете најмалку до понеделник за да се реши ситуацијата.

Во Грција има пракса последниве години полицијата да ги симнува регистерските таблички од автомобилите што се погрешко паркирани. И не само на оние од Македонија и Грција кои се најчести гости, туку и на многу други странски туристи. Главна причина е погрешко паркирање.

Ова вобичаено се случува во Солун, на Тасос, Халкидики па и на островите. Казната за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра . Но, сега не постои можност да се плати половина од казната ако тоа се направи веднаш на лице место.

Според наши сограњани што живеат подолго време во Грција, за странските државјани казната е симнување на регистерските таблички кои потоа ви се враќаат штом ја платите казната. Грците пак може да останат без таблички и три месеци и плус треба да платат казна.

Најлошо е ако нешто вакво ви се случи во текот на викендот. Тогаш ќе морате да чекате до понеделник бидејќи тогаш работат полициските станици. Значи ако одите на викенд и ви се случи ова, ќе мора да останете непланирано уште некој ден. Ем ќе платите казна, ем ќе останете уште некој ден непланирано.

Според новиот ригорозен закон што во Грциоја важи од лани, таблиците се враќаат по плаќање на казната за непрописно планирање, а возачот добива и забрана за управување на возилото одредено време. На странските државјани забраната за управување им завршува оној ден кога треба технички да ја напуштат територијата на Грција. Тогаш им се враќаат табличките. Се разбира треба да докажете дека токму тогаш ви завршува смената.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK