сабота, 25 ноември, 2025 година

Избран е најдобриот „половен автомобил на годината“ – првпат електричен!

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На пазарот на половни автомобили, каде доминираат проверените бензинци и дизели, се случи вистинска револуција. Првпат во историјата на британскиот магазин What Car?, титулата „Половен автомобил на годината“ ја доби целосно електричен модел – Skoda Enyaq. Еден сигнал дека иднината на возењето без издувни гасови веќе пристигна и во сегментот на половни возила.

Жири-комисијата на What Car? го опиша Enyaq како „совршен спој на практичност, квалитет и вредност за пари“. За многумина, тоа е првиот електричен SUV кој навистина нуди сè – простор за семејство, пристоен досег и лесно одржување. Во категоријата од над 1.100 возила, Enyaq се издвојува поради својата робусност и ниски трошоци за употреба, додека во Велика Британија веќе може да се најде како половен за околу 13.000 фунти – што го прави и финансиски атрактивен избор.

- Advertisement -

Од What Car?, нагласувајќи дека електричниот SUV е пример како технологијата може да биде достапна и во вториот животен циклус на возилата. Жири комисија истакна и дека моделот ја менува перцепцијата за електричните автомобили – од „скап луксуз“ во рационален и одржлив избор.

Овој резултат ја покажува и пошироката промена во навиките на купувачите. Според податоците на британскиот пазар, продажбата на половни електрични возила во 2024 година пораснала за околу 40% во споредба со претходната. Трендот е јасен: електричните возила полека го освојуваат и пазарот на половни коли, каде довербата традиционално била најтешка да се стекне.

Skoda Enyaq е избрана од конкуренција од дури 1183 половни автомобили бидејќи, како што наведува What Car?, нуди ненадминлива вредност, исклучителна практичност и изненадувачки голем досег за својата цена. Покрај главната награда, Enyaq ја освои и титулата „Најдобар половен електричен SUV“.

Enyaq не е единствениот победник на струја – Tesla Model 3 (2019–денес) е прогласена за најдобра половна бизнис лимузина.
Покрај нив, други половни автомобили со бензински и дизел мотори добија високи препораки од стручниот тим, од пространи каравани до спортски модели.

Најдобар половен компактен автомобил
е Toyota Corolla (2019–денес), која победи благодарение на импресивната доверливост, удобност и богата опрема.

Најдобар половен караван е Mercedes-Benz E-Class (2016–2023), кој комбинира неверојатно пространа внатрешност и огромен багажник со префинета и удобна возачка динамика.
Најдобар половен мал SUV е Skoda Kamiq (2019–денес).
Најдобар половен седумсед е Peugeot 5008 (2017–2024), прогласен за најдобар избор за големи семејства.
Најдобар половен plug-in хибрид е Audi A3 40 TFSIe (2020–денес), кој нуди забавно возење, удобност и просторност.
Најдобар половен спортски автомобил е Toyota GR Yaris (2020–денес).

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја