недела, 25 декември, 2025 година

Volvo го прослави милионитиот plug-in хибрид – мостот кон целосно електрична иднина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Volvo Cars во септември достигна голема пресвртница во својата стратегија за електрификација – компанијата го испорача милионитиот plug-in хибрид (PHEV). Иако иднината на Volvo е целосно електрична, PHEV моделите засега се клучен дел од растот на брендот. Во првата половина на 2025 година, тие сочинувале 23% од вкупната глобална продажба, што е значителен удел за премиум производител.

Продажбата на PHEV модели порасна од 46.000 возила во 2019 на повеќе од 177.000 во 2024, со најголема побарувачка за XC60 и XC90 во Европа, САД и Кина. XC60 беше најпродаван PHEV во Европа во 2024 и глобален лидер во премиум сегментот три години по ред.

- Advertisement -

Минатата година, освежените верзии на XC60 и XC90 ја зацврстија својата позиција на пазарот. Сега, компанијата ја прошири понудата со новиот XC70, првиот plug-in хибрид на Volvo со електричен досег над 200 km (според CLTC циклус).

Благодарение на високата побарувачка, Volvo има најголем удел на PHEV продажба во вкупната понуда меѓу сите традиционални премиум производители.

Volvo е целосно посветен на електричната иднина, но патот до таму ќе го изодиме со темпо кое одговара на нашите купувачи. Plug-in хибридите се мост кон тој свет“, вели Ерик Северинсон, главен комерцијален директор на Volvo Cars.

Внатрешни податоци на компанијата покажуваат дека многу возачи ги користат своите PHEV модели како целосно електрични, особено во урбани средини – околу половина од возењето е без вклучување на моторот со внатрешно согорување.

Volvo има повеќе од една деценија искуство со plug-in хибриди – уште во 2012 ја претстави првата PHEV верзија на V60. Подолг период беше единствениот глобален производител што нудеше PHEV верзија за секој модел во својата понуда.

Денес, компанијата располага со пет PHEV модели и шест целосно електрични, нудејќи им на клиентите разновиден избор во премиум сегментот. Овој баланс и овозможува на Volvo стратешка предност – постепено да премине во целосно електрична марка, без да ги изгуби традиционалните купувачи.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја