недела, 25 декември, 2025 година

Нема сите кинески брендови на електрични автомобили да преживеат

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Со над 120 регистрирани различни брендови, конкуренцијата на кинескиот пазар на електрични возила е повеќе од жестока. Јасно е – не можат сите да опстанат. Минатата година неколку производители исчезнаа од сцената, иако некои од нив имаа амбиции и активности и на европскиот пазар.

По повеќе од еден век доминација од страна на европските, јапонските и американските автомобилски брендови, Азија полека го презема приматот. Корејските брендови веќе се добро етаблирани ширум светот, а сега Кина станува сè поатрактивна за купувачите.

- Advertisement -

За само една деценија, кинеската автоиндустрија доживеа драматична трансформација. Денес, во земјата постојат над 120 активни брендови на електрични возила, но пазарот едноставно не може да ги издржи сите. Некои веќе ја одиграа својата последна партија.

Иако Кина има повеќе од милијарда жители, тоа не значи дека постои доволно пазар за секој бренд. Побарувачката за електрични автомобили е голема и постојано расте, но не е бесконечна. Конкуренцијата е сурова, а малите брендови тешко успеваат да се издвојат од масата. Некои од нив се обидоа да се пробијат на странски пазари, но тоа се покажа како предизвик, особено на поконзервативните европски пазари.

Пазарот сè повеќе се „чисти“ од помалку значајните производители. Само во изминатите 12 месеци, неколку брендови ги затворија своите врати. Малку познатите Ji Yue и Yuanhang произведоа само неколку возила пред да прогласат банкрот, и покрај учеството на неколку автомобилски саеми во Кина. Стотици вработени беа отпуштени, а државата ја презеде контролата врз ликвидацијата на компаниите.

Слична судбина го снајде и брендот Neta, кој и покрај тоа што предизвика интерес со своите модели, не успеа да се пробие кај купувачите. На минатогодишниот Саем на автомобили во Пекинг го претставија Neta L, компактен plug-in хибрид со цена под 14.000 евра, но моделот не постигна успех.
Компанијата се обиде да се прошири во Југоисточна Азија, но со само 55.000 продадени возила годишно, ситуацијата стана неодржлива. Целиот персонал е отпуштен, а брендот повеќе не е активен ниту во Кина, ниту на кој било друг пазар. Се шпекулира дека Toyota би можела да го откупи брендот.

Еден од најпознатите примери на амбициозен, но неуспешен бренд е HiPhi, дел од компанијата Human Horizons. Основана во 2017 година, компанијата само две години подоцна го претстави својот прв автомобил. Се фокусираше на луксузот и најмногу на пазарот надвор од Кина, особено во Европа. Но, продавање на ултраскапи електрични автомобили со цена над 100.000 евра и без доволно долг стаж на пазарот се покажа како неисплатлива стратегија. Human Horizons поднесе барање за банкрот – компанијата формално сè уште постои, но нејзината иднина изгледа мрачна.

Сепак, не се сите приказни негативни. Кина успеа да изгради стабилна глобална позиција со брендовите како SAIC, Geely, BYD и Chery. Некои од овие компании самостојно ја освојуваат Европа, додека други се здружуваат со глобални играчи. Таков е примерот со Leapmotor, кој преку партнерство со Stellantis стана нивен 15. бренд за европскиот пазар. Овој потег им овозможи да ја намалат зависноста од презаситениот домашен пазар.

Јасно е – во иднина ќе преживеат само најсилните. Кинеската автоиндустрија влегува во фаза на консолидирање, каде квалитетот, иновациите и стратегијата ќе бидат клучот за опстанок.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја