сабота, 26 април, 2026 година

Maserati ја прославува својата 110-годишнина со специјална GranTurismo серија

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Оваа 2024 година е година на прославување на 110-годишнината на Maserati. Ова е многу важна годишнина во историјата на италијанскиот и светскиот автомобилизам, која компанијата избра да ја прослави со специјална серија на GranTurismo.

Наречен „110 Anniversario “, тој е базиран на електричната верзија Folgore и е достапен во 110 „дотерани’ единици во две спротивставени комбинации на бои.

- Advertisement -

Електрични и празнични
За да ја создадат специјалната 110-годишнина верзија на GranTurismo, инженерите од Модена започнаа од верзијата Folgore која е „средена “ , во две конфигурации од по 55 единици.

Тие се збогатени со две специјални бои на каросеријата, Rame Folgore и Blu Inchiostro, во комбинација со наменски завршетоци, специјални тркала. со „црни и бакарни “, вметнати, детали и, соодветно, ентериери во тексас Econyl или црна со бакарно, или пак сино шиење.

Но, тоа не е се. За неа, всушност, „Куќата на Tрозабецот “ создаде и ново славечко лого, на кое се гледа Tрозабецот проследен со бројките „110“, со специјална навалена буква, поставена на C-столбот на автомобилот.

Ексклузивна презентација
Новиот Maserati GranTurismo 110 Anniversario ќе им биде претставен на најсреќните клиенти на „Трозабецот од Мдена “, за време на Trident Experience, дводневен настан организиран од компанијата за да ја прослави оваа важна годишнина со своите најстраствени гости и клиенти.

Компанијата сè уште не објавила цени за секој од 110-те примероци на специјалниот GranTurismo, но она што е сигурно е дека за да добиете еден, ќе треба да побрзате, бидејќи, со сигурност може да речеме, секој од овие примероци ќе биде мета на колекционерите.

А, како што е познато,  колекционерските примероци со текот на времето само ќе ја зголемуваат сцојата вредност и нивната цена постојано ќе расте.

Накусо речено, покрај прекрасна креација на четири тркала,  сопственикот добива и вредна инвестивија…

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја