UBER ќе вози на BYD

ОБЈАВЕНО НА:

Американската дигитална компанија за транспорт и услуги за испорака Uber и кинескиот производител на автомобили BYD објавија повеќегодишно партнерство кое треба да донесе 100.000 нови електрични возила на патиштата во Европа, а потоа и во Латинска Америка.

Партнерството ќе им гарантира на возачите на Uber пристапни цени и финансирање за електричните возила на BYD, а по почетната европска и латиноамериканска фаза, треба да ги вклучи и Блискиот Исток, Канада, Австралија и Нов Зеланд, велат компаниите.

За поддршка на транзицијата кон електрични возила, Uber и BYD ќе им понудат на возачите попусти за одржување на возилата, полнење на батериите, финансирање и лизинг, во зависност од пазарот.

„Kога возачот на Uber ќе се префрли на електрично возило, неговите резултати со штетни гасови може да бидат до четири пати подобри од оние на „обичен“ возач, едноставно затоа што повеќе е на пат – изјави Дара Косрошахи, извршниот директор на Uber.

Компаниите додадоа дека ќе работат заедно за да ги вклучат возилата на BYD и нивните технологии за самоуправување во транспортната платформа на Uber.

Американскиот ривал на BYD, Tesla, треба да го претстави своето роботско такси во октомври, бидејќи се обидува да направи пресврт откако продажбата на електрични возила опадна во првите два квартали од оваа година.

Минатата година кинеската компанија ја зема круната на најголемиот светски производител на електрични возила од Tesla, но американската компанија оттогаш го врати првото место.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK