Автомобилите со дизел мотори имаат и филтри за честички или фичтри за саѓи, кои главно се изработени од силициум карбид. Тие собираат ситни честички саѓи кои се последица на согорувањето на горивото во моторите. Кога ќе се собере доволно голема количина, филтрите се програмирани во нив да дојде до согорување на саѓите. Тоа се случува во возење и тој процес е автоматизира, со зголемување на температурата на издувните гасови на влезот во филтерот горат честичките во него. ВО DPF доаѓа до (само)согорување доколку возите од 15 до 20 минути во континуитет од над 2500 вртежи во минута.
Кога ќе дојде до самозапалување на филтерот се создава пепел, водена пареа и СО2. Со долготрајна работа, сепак, во филтерот се создаваат наслаги од пепел, кои влијаат на неговта функционалност. Кога е време за замена и чистење?
Тоа зависи од многу варијабли: како го возите автомобилот, дали во неколку наврати несвесно сте го прекинале чистењето на филтерот со успорувње или гаснење на моторот (тоа сами тешко можете да го знаете бидејќи процесот е автоматизиран), дали моторот е исправен (на пример, зголемената потрошувачка на маслото негативно влијае на филтерот)… Сепак, проценката е дека филтерот треба да се менува или да се чисти кога со автомобилиот ќе поминете околу 180.000 до 200.000 киломтри, а тоа ќе ви го сигнализира и сијаличката на инструмент таблата.
Чистењето е поевтина опција (си отстранување на филтерот или вбризгување на посебно средство за отстранување на сензосот за притисок или температура), а замената чини до 500 евра.









