Кога видливоста при густа магла ќе падне под 50 метри, тогаш возеето станува многу опасно, но во исто време и исцрпувачко, па е мноту тешко да се управува. Затоа е добро да се знаат некои работи.
Опасно е да се ориентирате по задните светла на возилото пред вас бидејќи тоа во случај на густа магла значи дека не го почитувате растојанието и дека сте премногу близу до другото возило. Сето тоа може да резултира и со сообраќајна несрежа.
Затоа, смалете ја брзината и ако видливоста е навистина лоша, подобрете ја видливоста на вашето возило на автопатот така што ќе вклучите задно светло за магла. Не правете го тоа во случај на блага магла бидејќи непотребно ќе ги заслепувате возачите зад вас. Пожелно е да се вклучат и предни светла за магла, кои барем малку ќе помогнат (тие исто така се корисни и во случај на силен дожд или снег). Во случај на радикално смалување на брзината, вклучете ги сите четири трепкачи.
Користете кратки светла за магла бидејќи маглата делува како големо огледало и долги светла можат да ве заслепат. Смалете го тонот на радионот и на малку спуштете го прозорецот така ќе можете да слушнете дали се приближува некој автомобил од лева или од десна страна… Секогаш одржувајте ги стаклата чисти, па затоа користете клима уред и бришачи за шофершајбните.









