Постојат многу лица кои честопати прават многу експерименти за на своите канали на youtube да добијат клик повеќе. Еден од нив е веќе добро познатото момче со виртуелен прекар TechRax.
Тој често објавува видеа на кои тестира разни лудории на автомобилите. Одлучил во резервоарот со гориво да налее течен азот, а „несреќното“ BMW Z3 му послужило како жртва за експериментот.
Очигледно е дека Z3 имал и подобри денови, а некои делови недостигаат така што овој автомобил послужи како „донатор на органи“, но уште е во возна состојба. Во моментот на сипувањето на течен азот во резервоарот игурно имало и доста бензин што зборува за тоа дека TechRax со години научил нешто од своите пропаднати експерименти.
Можеби тоа била и причината што во овој експеримент возел многу подолго отколку при експериментот со Coca-Colа.









