четврток, 26 февруари, 2026 година

Одржување на автомобилот: Како да препознаете потрошени кочници?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Колку се значајни кочиниците за автомобилот не треба да се објаснува бидејќи на секого кој вози автомобило тоа му е добро познато. Тоа е исто како некој да ви објаснува дека без кислород не може да живеете. Сепак, како да се препозне дали кочниците функционираат со значително намалени перформанси?

Еден од симптомите е визуелен, а тоа е доколку ви се вклучи сигналното светло за кочници на инструмент таблата на автомобилот. Тоа е знак дека нешто не е в ред и доколку остане вклучена задолжително посетете механичар.

- Advertisement -

Чкрипење на кочниците е вториот симптом. Се појави ли ова незгодно аудитивно предупредување посел некое време, тогаш е време да посетите механичар. Голема е веројатноста плочките на кочниците да се излижани.

Чувството како да газите на сунѓер додека го притискате педалот за кочница може да се случи поради излижани плочки, но и поради неисправен цилиндар или поради течење на масло од кочниците.

Доколку при кочење вашиот автомобил почне да занесува во една страна, тоа може да се случи затоа што еден дел од вилицата на кочницата посилно притиска во текот на кочењето. Постои веројатност и дека е оштетено цревото.

Ако се појави непријатен мирис во кој ќе препознаете метална арома тогаш една од опциите е дека се работи за спојката, а другата дека непријатната миризба е поврзана директно со кочниците. Излезете надвор од возилото и обидете се да утврдите дали се работи за кочниците (доволно е да се наведнете кај секое тркало и да помирисате).

Ако се во прашање кочниците веројатно една од нив има заглавено, па во тој случај не е паметно да продолжите и понатаму со возењето. Една од опциите е дека сте заборавиле до крај да ја спуштите рачната кочница, па тоа направете го дополнително и причекајте малку кочниците да се оладат.

Вибрациите и бавно „примање“ на кочниците се знак за дотраеност на плочките на кочниците. Дополнителната причина за вибрации може да биде и деформација на дискот. Затоа што побрзо на сервис.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја