Зимата е период од годината кога се случуваат најголем дел од сообраќајните незгоди. Ова се потврдува со статистиката, а причината лежи во тоа што овој период најголем дел од коловозите, особено во ноќните часови поради ниските температури се замрзнати.
Со цел да ја намалите веројатноста од сообраќајни незгоди во текот на зимскиот период и имате безбедно патување потребно е да ги имате во предвид следните неколку совети.
Прв совет односно правило е секогаш да користите задолжителна зимска опрема. Покрај на зимските гуми, тука мислиме и на ланци, но и на лопата, средство за одмрзнување и слично.
Секогаш прилагодувајте ја брзината на движење и возете под горната ограничувачка брзина за возење на дадениот патен правец. Исто ткаа одржувајте растојание, неколку метри повеќе од вообичаеното.
Поради лизгавиот коловоз избегнувајте нагло кочење, а повеќе практикувајте моторно кочење, особено на брдските предели. Со цел да избегнете пролизгувања, не практикувајте нагло движење со управувачот.
Доколку патувате надвор од вашето населено место односно надвор од вашиот град секогаш информирајте се за состојбата на патишата. Во Македонија тоа може да го направите на телефонскиот број 196 односно во АМСМ.









