Зошто возење со ниски вртежи на моторот е штетно како и со високи

ОБЈАВЕНО НА:

Моторот дефинитивно е најважниот дел од автомобилот. Правилното одржување не е единствен услов за продолжување на долговечноста. Големо влијание има и начинот на кој го возиме нашиот автомобил.

Големо негативно влијание врз моторот има кого автомобилот го возиме на високи вртежи. Ова особено знае да дојде до израз при големо оптеретување, тука пред се мислиме тежинско и возење на угорнини. Сепак, како што негативно влијае возењето на високи вртежи, негативно влијае возењето и на ниски вртежи. Зошто е така?

Кога возиме со ниски вртежи, во моторот се развиваат инерциски сили и гасен притисок. Инерциските сили се последица на вртењето на радилицата односно осцилациите на клиповите, додека гасниот притисок настанува како производ на согорувањето во цилиндрите. Овие појави го балансираат работењето на моторот. Токму во овој момент, ако при ниски вртежи веднаш додадеме гас, инерциските сили остануваат исти, односно незначително се зоглемуваат, а гасниот придисок драстично расте.

Овој дисбаланс го зголемува оптеретувањето на осовината која во овој момент се помрднува од централната, симетрична позиција. Исто така поради недоволниот хидродинамичен притисок доаѓа до зголемено трошење на маслото. Негативно врз моторот влијаат и зголемените вибрации кои се случуваат во моторот токму поради ниските односно неадекватните вртежи.

Токму со цел да го спречиме оптеретувањето на моторот мораме брзината соодветно да ја прилагодиме на движењето односно обртаите. Како совет, доколку возите бензинец тогаш секогаш внимавајте обртаите да се движат помеѓу 2.000 и 4.000 во минута, а доколку возите дизелаш тогаш обртаите треба да бидат помеѓу 1.800 и 3.000 во минута.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK