Зошто треба да се става масло во резервоарот на стар автомобил на бензин?

ОБЈАВЕНО НА:

Тешко е да се замисли како сопственик на чисто нов автомобил на бензинска станица става малку масло во резервоарот. Така може да го уништите моторот, јаглеродните наслаги ќе се појават на врвот на цилиндрите и свеќичките, маслото ќе изгори и од ауспухот ќе почне да излегува црн чад. Практично современиот автомобил нема потреба од вакви трикови и тие дури се и силно непрепорачливи.

Сепак, случајот со старите автомибли е поинаков, особено кај оние кои имаат поминато неколку стотоци илјади километри. Не се малку стручњаците кои тврдат дека коктел од 100 милилитри масло на еден резервоар бензин, добро измешан задолжително го олеснува животот на пумпата за гориво особено на таква, која е кон крајот на својот животен пат.

Сличен додаток не само што ќе го запре непријатниот звук од работата, туку и лесно ќе ја зголеми моќноста. Тоа е поврзано со вториот важен момент – компресијата. Старите мотори редовно страдаат од намалување на овој важен индикатор, кој води до намалување на моќноста, зголемен расход на гориво и многу други проблеми како детонација, горење на моторното масло и друго.

Додавањето на масло за двотактни автомобили (но не повеќе од 100 милилитри на резервоар) во бензинот ќе се создаде дополнителен слој во моторот со внатрешно согорување, кое ќе доведе до зголемување на степенот на компресија. Се разбира, многу подобро е да направите ремонт на моторот, да го смените запечатениот дел и да ја утврдите вистинската причина за „нерасположението“. Сепак, овој метод е применлив и за „запушување на дупки“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK