Зошто Tesla возилата се подобри во САД отколку во Кина?

ОБЈАВЕНО НА:

Клиентите од Кина се пожалија дека нивните автомобили од компанијата Tesla се со полош квалитет од оној што го имаат возилата во САД. Tesla во моментов важи како лидер во производството на електрични возила, а нејзините гига фабрики во Кина доволно зборуваат за тоа колку е дојдено до ширењето на капацитетот.

Новата фабрика во Шангај е изградена за во неа да се произведува постоечкиот Tesla Model 3, како и Tesla Model Y, но судејќи по реакциите на клиентите од Кина се чини дека, сепак, постојат значајни разлики меѓу моделот во нивната земја и САД.

Како што пренесува CarBuzz, жалбите се однесуваат на компјутерските чипови кои се со послаб квалитет во однос на истите такви чипови вградени во нивните возила. Купувачите направија вистински хаос на социјалните мрежи, а по повод сето ова се огласи и кинеската Влада, но и компанијата Tesla, која вети дека во скоро време на сите ќе им бидат заменети чиповите.

Објаснија дека дошло до грешка кај доставувачите кои пратиле послаби чипови и секој ќе може да добијат нов чип од Teslа доколку тоа го сака.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK