Зошто не можете да заспиете во автомобил кога вози некој друг?

ОБЈАВЕНО НА:

Директорот на училиштето за спиење во Лондон, д-р Гај Медоуз вели дека некои луѓе како совозачи во автомобил ја гледаат својата можност за спиење и одморање бидејќи некој друг вози и се грижи за нивната безбедност. Од друга страна, на некои патници им смета вревата и какво било случување на патот, а исто така не можат до крај ни да се опуштат, па додека некој вози тие постојано го држат едното око на патот, а другото на возачот…

Спиењето во автомобилот донекаде е и налик на спиeње во слични превозни средства кои се движат на копно. Вистина е дека спиете, но и дека реагирате на секоја дупка, на секоја ситницa се будите, но и доколку сте успееле да отспиете некој час веројатно ќе се разбудите целосно дезориентирани.

Но, што доколку никако не можете да заспиете во автомобил? Без оглед на тоа колку се трудите, сонот едноставно не сака да ви дојде на вашите очи. Што е причина за тоа?

Според Медоуз доколку додека се возите сонот не ви доаѓа не морате да се грижите. Не сте луди ниту имате несоница туку едноставно сте нервозен патник. Сепак, докторот советува и неколку работи кои би можеле да бидат од помош при обидот за спиење.

Носењето на лесна облека, соблакањето на чевлите, слушалките за неутрализирање на вревата, но зад сето ова е потребно да се најде и вистинската положба во возилото. Притоа од помош може да ви биде и добар јастук.

Доколку досега не сте можеле никако да потонете во сон, обидете се со овие совети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK