Сопствениците на возилото Bugatti Veyron добро знаат како е да се има ваков автомобил во својата гаража бидејќи тој е причина за големи трошоци. Сепак, постојат сопственици кои не можат да се помират со нив, па се трудат да заштедат на сите можни начини.
Кога ќе се соберат сите давачки за редовен сервис, гуми и сите други трошоци кои следат за Veyron пресметано по километар тие се многу блозу како болид за рели. Затоа воопшто не зачудува тоа што бројни сопственици понекогаш својот Bugatti, до дестинацијата, а тоа најчесто е затворена патека го пренесуваат со камион. Други, пак, се обидуваат во домашна работилница да завршат дел од работата на сервисот.
Смената на маслото е веројатно првата работа која секој би се обидел да ја направи дома. Особено кога овластениот сервис за тој банален зафат наплаќа неверојатни 21.000 долари.
Проблемот за така високата цена не е само во скапоцената течност туку затоа што за замена на маслото се потребни неверојатни 27 работни часови. Навистина чудно, но за да се заврши оваа „операција“ мора да се дојде до срцето на автомобилот, а за тоа е потребно да се растури пола автомобил.
И кога конечно ќе се тргне сè пред вас има точно 16 изливни места. И сите 16 треба да бидат одвртени за да може да се испушти повеќе од 17 литри масло. Меѓутоа, уште покомплицирано е долевањето на масло бидејќи за тоа треба да се тргне целиот кров на автомобилот односно задниот браник, горниот дел од моторот и активниот спојлер.
Момците во Royal Exotic Cars располагаат со одлична опрема и одлучиле на својот газда да му направат таков сервис. И непријатно се изненадија со работата која траеше долго, но и бараше многу внимание и искуство.
Како изгледа тоа на дело можете да погледнете во продолжение во видеото.