Зошто масовно се крадат катализатори (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Изминатите две до три години низ светот масовно се крадат катализатори. Според официјалните податоци, во текот на минатата година во Англија и Велс се украдени вкупно 13 илјади катализатори од автомобили.

Причината за масовното крадење на катализаторите е вредноста на металите кои се вградени во нив. Така истите содржат родијум, паладијум и платина, а цената на родијумот значително се има зголемено изминатите шест години.

Во 2014 година една унца родијум (28,35 грама) чинела 750 евра, а денес дури 9 илјади фунти што е повеќе и од златото.

Кражбата на катализатори е вистински проблем во Англија. Еден сопственик на Toyota Auris два пати останува без катализаторот по што решил да го продаде автомобилот и да користи алтернативни начини за превоз. Поради кражбите осигурителните компании значително ги зголемиле премиите.

За жал не постои ефикасна заштита освен будно надгледување на својот автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK