Зошто Германците сè поретко купуваат нови автомобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Несигурноста кај сопствениците на автомобили во Германија е сè поочигледна. Тоа го констатираат и експертите од TÜV, кои наведуваат дека сериозните дефекти кај автомобилите растат, поради застарениот возен парк во земјата. Тоа не е изненадувачки бидејќи германските возила застаруваат, а сè повеќе сопственици не сакаат да ги сменат со нови.

Зошто се случува тоа? И покрај тоа што веќе со една децнија земјата бележи постојат пораст во економијата и невработеноста е ниска, сè повеќе лица решаваат да не купуваат нов автомобил

Одговорот е очигледен: После години на дебати односно забрани за возење на дизел, софтвер со мамење, ниво на азот оксид, а од друга страна недостаток на станици за полнење на електромобили, голем дел од Германците едноставно веќе не знаат каков автомобил да си купат. Затоа Германците го претпочитаат стариот дизел, а несигурноста е сосема разбирлива. Најфундаменталната трансформација во автомобилската историја ги засега не само производителите и нивните вработени туку и нивните клиенти.

Кој купува нов дизел, доколку никој не знае уште колку долго ќе може да го вози? Од друга страна, и покрај субвенциите од државата, купувањето на електричен автомобил е поврзано со доста потешкотии покрај времето и местото за полнење. Затоа Германците сè поретко ги менуваат автомобилите.

За да се реши овој проблем од TUV се на мислење дека од исклучителна важност е индустријата и политичарите да дејствуваат решително и најмногу надежно. Но ова не се случува во моментов. Место тоа лицата се измамени со секакви можни средби на тема автомобили, но никој во крајна сметка не знаи какви мерки да се преземат и кој треба да ги преземе.

Нема смисол да се субвенционираат станици за дизел гориво и станици за полнење на струја. Луѓето согледуваат контрадикторни сигнали и се со право несигурни.

Не постои и единствено решение за тоа дали моторот со внатрешно согорување треба да биде забранет и кога треба да се случи тоа. Дури ова решение е далеку во времето, тоа треба да се објави така што луѓето би можеле да се ориентираат и нема да се грижат за изборот за нов автомобил, стои во анализата на TUV.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK