недела, 25 декември, 2025 година

Зошто балансирањето на тркалата е важно?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сега е период кога се менуваат гумите, и од летни се префрламе на зимски. Многумина купуваат нови, некои ги користат ланските, па само ги менуваат фелните… Некои при менување забораваат да направат една важна работа – да ги балансираат тркалата. Балансирањето на тркалата е многу важна точка кога станува збор за удобноста на возилото бидејќи бандажите и гумите не се совршено рамни, па е потребна интервенција.

Вибрациите понатаму се пренесуваат преку воланот до возачот на автомобилот и создаваат многу незгодно чувство при возењето. За да се ослободите од овие вибрации и да се зголеми удобноста при возење после монтажата на гуми на тркалата мора да се избалансираат.

- Advertisement -

Вибрациите, кои се последица на лошо балансирани или воопшто небалансирани тркала, ќе се појават при одредена брзина на возилото, најчесто во опсег од 90 до 150 км/ч.

Правилното балансирање на тркалата носи:

– намалено трошење на механички делови на автомобилот;

– умерена потрошувачка на гумите;

– зголемена удобност во возењето.

Важно е да знаете дека балансирањето задолжително се прави кога се менуваат гумите односно се ставаат на фелните. Секое менување значи и балансирање.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја