петок, 25 декември, 2025 година

Зошто автомобилот „завива“ кога се враќа во рикверц?

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Сигурно имате забележано дека секој автомобил кој сте го возеле во животот при возење во рикерц испушта карактеристичен звук, на некој начин како да „завива“.

Причината за тоа е едноставна. Менувачот е конструиран така што сите брзини за возење напред имаат запчанични парови со коси запци, кои израмнето го пренесуваат момент на другите склопки во преносот на силата, додека запчаниците за возење во рикверц имаат рамни запци.

- Advertisement -

Со тоа се поедноставува и конструкцијата и поевтиното производство.

Карактеристика на запчаниците со рамни запци е тоа што секој пат се слуша звукот „клик“ кога запците ќе влезат во зафат, како и дека човечкото уво и звуците во текот на возењето во рикверц се слушаат како висок тон.

Поради поедноставна и поевтина конструкциј, помала маса и нешто поефикасен пренос на силата на запчаниците со рамни запци тркачките автомобили ги користат во сите брзини. Кај нив комоцијата по прашање на силната врева и онака е подредена на перформансите, па тркачките автомобили „завиваат“ и при возење напред.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја