Зошто антените на возилата веќе не се телескопски

ОБЈАВЕНО НА:

Антените кај модерните автомобили се монтираат или во елегантната „перка“ на покривот или се интегрирани во задната шофершајбна под формата на тенки метални нишки. Достапни се и стандардни антени, но тие веќе не се телескопски. Во денешно време светската автомобилска индустрија на големи ги користи активните антени со вградени засилувачи.

На овие структури не им треба повеќе должина. Тие се во состојба не само да го засилат добиениот сигнал, туку и да го исчистат од шумови, рефлектираните бранови чии извори може да бидат најнеочекуваните предмети, вклучувајќи го и моторот на самиот автомобил.

За таа цел специјалните филтри за радиофреквенција се интегрираат во засилувачите, кои ги филтрираат непотребните компоненти на влезните сигнали.

Антените можат да бидат инсталирани внатре во автомобилот или на врвот на каросеријата, но каде и да се монтирани, функциите веќе не се ограничуваат до примање само на радиобранови. Сега уредите во автомобилот прифаќаат многу други сигнали како на пример: телевизија, GPS, мобилни комуникации, интернет и друго.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK