Зошто моторот слабо „влече“ на топло?

ОБЈАВЕНО НА:

Сте си поставиле ли некогаш прашање за тоа дали постои зависност меѓу температурата во околината и моќноста на моторот? За некои возачи ова е факт кој е неоспорлив, но други сметаат дека ваквата поврзаност е дел од возачкиот фолклор, а вистината е дека одговорот бара извесно задлабочување во теоријата.

Моторот со внатрешно согорување работи на гориво и кислород од воздухот. Колку повеќе од оваа смеса се вбризга во цилиндарот, толку е повисока производственоста на агрегатот.

Количината на кислорот зависи од температурата, а топлината влијае на обемот на гасовите. На -20 степени целзиусови на еден кубен метар се собираат 1,4 килограми воздух, а при +30 степени само 1,16 килограми. Разликата е околу 20%.

Покрај сите други помошни системи во автомобилот за оптимален сооднос меѓу горивото и воздухот во моторот се грижат и мералите за проток. Кога смесата ќе почне премногу да се збогатува со гориво, сензорот веднаш го отчитува тоа и праќа сигнал кон управувачкиот блок да го намали пропорционално количеството спрема воздухот. Колку помалку гориво, толку е помала и моќноста.

Овој механизам на загуба на производството се забележува најдобро кај атмосферските мотори. Кај турбо моторите зависноста меѓу температурата во околината и моќноста е послабо изразена бидејќи компресорот го обезбедува неопходното количество воздух во секакви услови. Покрај тоа многу турбокомпресорски системи располагаат и со интеркулер кој го лади компримираниот воздух и така ја зголемува својата густина.

Сепак, вентилот не е лекот. Кај повеќето мотори тој проработува при 1700-2000 вртежи на коленестото вратило така што при старт од место во жештина турбо моторите се однесуваат точно како атмосферските и моќноста им паѓа на истиот начин.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK