Пазарот за смартфони се развива речиси на идентичен начин со оној за лесните автомобили. Притоа смартфоните имаат и одговарачка марка меѓу автомобилите, па има и интересна споредба меѓу нив.
Една таква споредба носи и неколку двојки од автомобили и смартфони, а направени се според тоа како возилата од одредена марка и одговараат со некој од телефоните.
ASUS-KIA
Компанијата Asus на пазарот нуди телефони од средна класа. Се работи за позната марка, која се карактеризира со солидно висок квалитет, а цените се атрактивни. Истите овие карактеристики важат и за Kia автомобилите.
ALCATEL-RENAULT
Заедничко за двете компании не е само тоа што се француски фирми, туку и тоа што одделуваат внимание на земјите во развој. Renault ја има Dacia, a Alcatel – TCL.
NOKIA-VOLVO
Производителите од Скандинавија на смартфони и на автомобили се слични по тоа што силно ги ценат квалитетите како робусност, издржливост и сигурност.
HTC-ALFA ROMEO
Продуцирањето на HTC речиси идентично на тоа на Alfa Romeo беше многу попопуларно во минатото отколку што е сега. Причината за падот е иста, се работи за сигурноста.
BLACKBERRY-CADILLAC
И двете компании имаа многу успешни години, но тоа беше во минатото. Денес и автомобилите Cadillac и смартфоните Blackberry се надвор од стандардот.
GOOGLE-SUBARU
Возилата од Subaru имаат голем број на поддржувачи коишто ги ценат поради постојаниот 4х4 пренос на тркалата и поради спротивните мотори. Иста таква мала група на хардкор фанови имаат и Google Nexus и Pixel.
ОPPO-VOLKSWAGEN
Тука споредбата е многу едноставна. Oppo е светски лидер во производство на смартфони, а концернот Volkswagen го зазема првото место по продажба на автомобили во светот.
XIAOMI-TOYOTA
Продукцијата на двата бренда е масовна, а и двете компании се фокусираат на производи, кои се карактеристични со пристоен соодност меѓу цената и квалитетот.
SONY-LEXUS
Смартфоните од марката Sony не се евтини, но за таа сметка се многу сигурни. Истото може да се каже и за автомобилите, кои се продаваат под марката Lexus.
LG-AUDI
Смартфоните од LG се меѓу топ телефоните во светот. Тие се во сенка на два уште посилни конкуренти. Иста е и позицијата која што Audi ја има кај автомобилите.
APPLE-MERCEDES-BENZ
Се работи за две марки кои се многу престижни и со изграден голем имиџ. Тие се синоним на продуктот и се познати низ целиот свет.
SAMSUNG-BMW
Борбата меѓу Samsung и Apple не е помалку сериозна од поодамнешното ривалство меѓу BMW и Mercedes.