ЗНАЕТЕ ЛИ која земја во Европа има најмногу автомобили по жител?

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено е семјствотото да има по еден автомобил, можеби по два. Тука се вклучени и службените возила. Можеби некогаш сте се запрашале која земја има најмногу возила. Тоа сигурно ќе биде Германија, Франција, Италија… Но, тоа е ако се гледа вкупниот број автомобили. Што ако параметар е бројот на жители и бројот на автомобили.

Иако е територијално помала од Македонија, оваа земјата во Европската Унија која има најмногу регистрирани патнички автомобил на еден жител, покажуваат статистичките податоци на Еуростат. А тоа е Луксембург.

Оваа земја која се наоѓа на тромеѓето помеѓу Германија, Белгија и Франција, и на илјада жители има регистрирано 670 патнички автомобили со што е убедливо на првата позиција.

На следната позициија со 625 автомобили на илјада жители се наоѓа Италија, а со 617 на третата позиција се наоѓа Финска.

Интересно е што уште две релативно мали земји се наоѓаат во најдобрата петорка. Така Малта со 613 автомобили се наоѓа на четвратата позиција пред Кипар со 609 на петтата позиција.

Во бројки, во Германија сепак има најмногу регистрирани автомобили и тоа 46 милиони, а потоа следи Италија со 37 милиони и Франција со 32 милиони регистрирани автомобили.

Поради недостатокот на статистички податоци, во Македонија нема официјални податоци за бројот на автомобили на илјада жители. Пред се поради бројот на жители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK