ЗНАЕТЕ ЛИ: Кој производител има најмногу фабрики во Европа?

ОБЈАВЕНО НА:

Дали знаете кој производител на возила располага со најмногу фабрики за производство на возила во Европа?

Според официјалните податоци со 24 фабрики на првата позиција се наоѓа Volkswagen Групацијата. Најголем делл од нивните фабрики се лоцирани во Германија, дури 10, а покрај во оваа земја поседуваат фабрики и во Словачка, Белгија, Велика Британија, Унгарија, Русија, Чешка, Франција, Полска, Шпанија и Италија.

На делба на втората позиција со по 18 фабрики се Renault-Nissan Алијансата и PSA Групацијата. Значителен дел од овие фабрики, француските прозиводители ги добија со аквизацијата на Avto-VAZ односно Opel во изминатите години.

Renault-Nissan Алијансата поседуваат фабрики во Франција, Шпанија, Турција, Русија, Словенија, Романија и Велика Британија додека PSA Групацијата во Франција, Италија, Германија, Полска, Велика Британија, Чешка, Русија и Словачка.

На следната позиција со 11 фабрики следи Fiat-Chrysler, 9 има Daimler, 8 Ford, 6 BMW, а исто толку има и Toyota кој е азискиот производител со најмногу европски фабрики.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK