ЗНАЕТЕ ЛИ: Кoj е првиот автомобил со автоматски менувач?

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од денешните автомобили кои се почесто доаѓаат со автоматски менувач и во стандардната опрема, во минатото автоматскиот менувач бил и повеќе од луксуз. Но кога се разгледува историјата и еволуцијата на менувачот, особено автоматскиот има еден податок што ретко кој некој го знае.

Станува збор за првото појавување на овој менувач односно за тоа кој автомобил за прв пат бил опремен со автоматски менувач. Станува збор за Oldsmobile Custom 8 Cruiser и тоа од 1939 година. Овој автомобил бил опремен со т.н. хидраматик, менувач со автоматска спојка и три хидраулички сетови планетарни преносник задолжени за два степени напред и еден назад.

Сепак менувачот кај овој автомобил всушност е предвесник на соврмениот автоматски менувач. Првиот автоматски менувач со технологија која денес во повеќе или помалку се користи бил вграден кај Buick Dynaflow од 1948 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK