Дали знаете дека најдолгите мостови во светот се всушност оние за железнички сообраќај. Четири од најдолгите пет се наоѓаат во Кина, а само еден од нив во Тајван.
Според последните информации, најдолг мост е мостот Данјанг-Кушан кој се наоѓа на делницата Пекинг – Шангај. Истиот е долг 164.800 метри, изграден е во 2010 година и е за супер брзи возови.
На втората позиција со должина од 157.317 метри е виадуктот Шангхуа лоциран во Тајван. Истиот е изграден во 2004 година и цели шест години беше најдолг мост во светот.
На третата позиција е Тианџин мостот кој исто така се наоѓа на линијата Пекинг – Шангај. Истиот е граден цели четири години, а свеченото пуштање во употреба е направено во 2011 година. Должината на овој мост изнесува 113.7 км.
Со 115.900 метри на четвртата позиција се наоѓа Кангде мостот кој исто така се наоѓа на железничката делница од Пекинг за Шангај. Истиот овој мост е дизајниран да издржи и најсилен земјотрес.
И петтиот најдолг мост во светот е лоциран во Кина. Станува збор за мостот Веинан Веи кој е со должина од 79.732 метри.
А колку мостови има во Македонија?