ЗНАЕТЕ ЛИ: Кога почна наплатата на паркинг?

ОБЈАВЕНО НА:

Во еден студен јануари во 1935 година во Оклахома Сити првпат беше воведено наплаќање на паркинг. Самиот уред е наречен Парк-О-Метер и после ова веќе ништо не било исто. До 1941 година наплатата на паркирање се проширила низ цела Америка, а како што е веќе добро познато, тој обичај го прифати и Европа.

Откако беше прифатено, постојано се шири и тоа без престанување, па дури и на подрачјата каде што никој не очекувал.

„Наплатата на паркирање е најголемиот сообрачаен изум после семафорите“, објави неколку години после воведувањето во Оклахома сити, магазинот „California Law Review“.

Веќе со првите паркинг зони во Америка, граѓаните почнаа да ги тужат грдовите поради казни за паркирање, но главно ги губеле случаите. Судовите сметале дека наплатата на паркинг е добар начин да се регулира паркирањето во големите градови односно да се намалат гужвите. Тука доаѓа најинтересниот дел. Во првите денови парите собрани од паркирање морале да бидат доволни само да се покрие инсталацијата и одржувањето на рудетите. А што би кажале тие кога би знаеле дека денес парирањето е голем бизниз и за градовите и за приватните оператори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK