Знаете ли: Кога е измислена „детелината“ во сообраќајната инфраструктура?

ОБЈАВЕНО НА:

Популарната детелина во сообраќајната инфраструктура е измислена во далечната 1916 година. Ова сообраќајно решение е изум на американскиот градежен инжинер Артур Хале.

Истата година тој го патентира овој изум. Сепак за прв пат во сообраќајната инфраструктура, неговото решение, половично, е применето во 1929 година во Њу Џерси, САД.

Поради брзиот проток на возила и минималниот застој, се покажало дека ова решение има многу позитивни страни и влијае врз намалување на гужвите па оттука станува попуалрно решение за намалување на гужвите.

Во Европа, детелината за прв пат е воведена во шведската престолнина Стокхолм во 1935 година. Веднаш потоа и во Лајпциг по што започнува активна примена и во останатите европски земји.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK