ЗНАЕТЕ ли дека Rеnаult прoдaвa повеќе возила во Русија отколку во Франција?

ОБЈАВЕНО НА:

Од почетокот на годината Grоupе Rеnаult има продадено 115.713 автомобили во Русија што е повеќе од она што го има продадено во Франција, каде што е забележана продажба на 110.467 возила. Ова станало јасно после финансиското отчитување од концернот за првото тромесечие за 2020 година.

Овој куриозитет, се разбира, има сосема просто објаснување. Во пресметките влегува реализираната продукција на АвтоВАЗ, која е сопственост на Аlliаnсе Rоstес Аutо BV.

Во периодот јануари-март рускиот пазар забележал пораст. Продажбите се зголемиле за 4%, додека во Европа е отчитан невиден колапс од 26,2 проценти.

Во првите три месеци од годината Grоupе Rеnаult успеа да пласира 321.756 автомобили на Стариот континент, што е со 36% помалку од аналогниот период во 2019 година. Глобалните продажби на францускиот концерн паднале со 25,9% до 672.962 автомобили. Заработувачката е зголемена за 19,2% до 10,1 милијарди евра, а од нив 701 милиони евра генерирал AвтoВAЗ.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK