Значи ли дека се навистина квалитетни: Кинески автомобили со доживотна гаранција

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот во Шангај имаше многу новитети, а меѓу оние што привлекоа внимание беше и Lynk & Co, бренд на автомобилите што е сопственик на Geely, која пак е фирмата што го купи Volvo. Но, тие не беа интересни поради овој факт, туку заради една новина што досега ја нема воведено ниту еден производител на автомобили.

Во Шангај го претставија 03 Concept, и истовремено Кинезите објавија дека во Кина сите нивни модели ќе се испорачуваат со доживотна гаранција и бесплатна конективност, односно поврзување со интернет, што би било стандардна опција.

Во моментов никој не дава подолга гаранција од седум години, иако постојано се подобрува квалитетот на моторите и возилата. Кинезите не специфицираа што точно значи доживотна гаранција, но ќе бидат првиот производител што ова го нуди.
Повеќе детали треба да има до крајот на годината кога треба да почне да се продава и првиот автомобил во Кина, а брендот планира да се шири и во САД и ЕУ во 2019 година, каде исто така ќе се нудат истите пакети.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK