Едно од најпрестижните авгтомобилски годишни награди е она на германски Auto Bild што се доделува по 44. пат и каде има награди во повеќе категории. Овојпат имаше 24 финалисти од што дури 13 електрични што се полнат со кабел.
Жирито составено од 14 члена во кое има новинари, возачи на тркачки автомобили, познати личности, бизнисмени, клиенти …. И сите со една цел да го изберат најдобриот автомобил според нивното мислење и според критериумите поставени од познатото германско автомобилско списание.
Ова се победниците по класи годинава во изборот на „Златен управувач“
➤ Мал автомобил: Opel Corsa
➤ Компактен автомобилr: Audi A3 Sportback
➤ Мал SUV: Ford Puma 1.0
➤ Среден SUV: Polestar 2
➤ Голем SUV: Kia Sorento 1.6
➤ Среден SUV plug-in хибрид: VW Tiguan eHybrid
➤ Среден / висока класа хибрид: BMW 330e
➤ Спортски автомобил: Porsche Taycan
➤ Автомобил под 25.000 евра: Hyundai i20
➤ Автомобил над 35.000 евра: Seat Leon
➤ Најубав автомобил на годината: Porsche Taycan
➤ Најдобра иновација: Lexus UX 300e
На следниот линк погледнете повеќе детали за сите победници и финалисти во секоја класа поодделно.